Пробиштип инфо

Превентивна препорака

Апел до граѓаните во земјава за внимателност заради силно локално невреме
Апел до граѓаните во земјава за внимателност заради силно локално невреме
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме во попладневните и вечерните часови. Таквата прогноза и превентивен апел за внимателност важи и за целата работна недела.
Конкретно, од УХМР известија дека земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност: од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Инаку, според најавата, метеоролошката прогноза од УХМР зборува дека во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.
Сподели на Facebook и Twitter
Категории