Пробиштип инфо

Во Лесново одбележан големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица

И оваа година голем број на верници го посетија Лесновскиот манастир по повод 21 Септември - Мала Богородица

Традиционално, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, Лесновскиот манастир беше масовно посетен од граѓани не само од пробиштипско туку и од целиот североисточен регион. На црковно-народниот собир меѓу присутните беа и средношколците од СОУ ,,Н.Н. Борче”, кои  пристигнаа  организирани во марш и придружувани од волонтерите на Црвениот крст -Пробиштип, обучени за давање на прва помош, како и пензионери од повеќе градови, кои се претставија со своја културно уметничка програма.

Освен за посета на манастирот, посетителите го искористија прекрасниот ден и за прошетка низ Лесново и  запознавање со неговите знаменитости.

Чествувањето започна синоќа со вечерна богослужба која исто така беше масовно посетена.

Сподели на Facebook и Twitter
Категории