СОУ ,,Наум Наумовски Борче”- Пробиштип :
Средното општинско училиште „Наум Наумовски -Борче” од Пробиштип, Ве известува дека на ден 14.06.2022 (вторник) од 10.00-15.00 и на 15.06.2022 (среда) од 08.00-15.00 часот, ќе ангажира наставници кои ќе понудат помош при електронското аплицирање за упис во прва година, за оние ученици кои сами, од било кои причини, не се во можност да ја поднесат апликацијата.
Упатство:
- – Кликни на линкот – https://e-uslugi.mon.gov.mk
- – Кликни на schools и најави се со твојот е-маил и лозинка од платформата – www.schools.mk ( профилот што го користиш за MS Teams)
- – Пополни ги сите потребни податоци и прикачи ги потребните документи
- – Притисни АПЛИЦИРАЈ
Ако имаш можност испечати ја потврдата која потоа треба да се приложи во одбраното училиште