Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при ООУ “Никола Карев”. Со проектот и двете игралишта се поставени со нова тартан подлога. Следниве денови ќе се постават нови голови и табли за кошеви, како и осветлување за да можат игрлиштата да бидат функционални и во вечерните часови за големиот број на ученици и рекреативци кои ги користат. Следен проект којшто ќе се реализира за подобрување на условите во ООУ “Никола Карев” е реконстукција на патеката околу игралиштата и реконструкција на двете летни училници. Општина Пробиштип заедно со општинските образовни институции работи за подобри услови, како за учениците така и за стручниот и технички персонал во училиштата, во моментов се во тек тендерски постапки за реконструкција на игралиштата во ООУ “Браќа Миладиновци” и подрачното училиште “Св. Кирил и Методиј” во Злетово. Општина Пробиштип