
На денешен ден 15 Август
1894 – Во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржа советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев.
1894 – Во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржа советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев.
1919 – Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, македонски народен херој. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20 февруари 1943 година.
1903 – Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со куршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинале Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во Крушево, во 1865 година.
1990 – Во Скопје беше осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква “Свети Климент Охридски”.
1925 – Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета)
1883 – Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ
2001 – На патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнале конвој на Армијата на Република Македонија, при што убиле десет припадници на Армијата на Република Македонија.
1900 – Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа и го осудила на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев бил испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година бил амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.
1992 – Русија ја признала независноста на Република Македонија.
1968 – Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист.