Пробиштип инфо

       ПМС (предменструален синдром)

Причините за појава на ПМС се недоволно познати, но има повеќе теории за појавата на оваа специфична состојба

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

ПМС (предменструален синдром)

Оваа дијагноза е општо позната меѓу жените, бидејќи е исклучително честа. Се јавува кај 40-70% од жените и тоа најчесто во четвртата деценија од животот.

Имате ПМС ако во последните четири циклуси ги имате некој од  следниве симптоми:

  • отоци, особено во нозете и поизразени кај жени со тромбоза на нозете, како и зголемување на телесната тежина за 2,3 килограми
  • Неутовегетативни манифестации од типот на главоболка, страв, агресивност, депресија, инсомнија, вртоглавица, тахикардија, замор и сл. Ова се должи најверојатно на благиот едем (оток) на мозокот
  • Гастроинтестинални тегоби, како чувство на исполнетост и надуеност, гадење, повраќање, болки во стомакот, запек…
  • Гинеколошки симптоми: оток на надворешни гениталии, чешање
  • Масталгија- задршка на вода и сол се предуслов за хиперплазија на каналите на дојката, осетливост на дојките, особено брадавиците.

Сите горенаведени симптоми вообичаено се губат со појавата на менструално крварење.

Причините за појава на ПМС се недоволно познати, но има повеќе теории за појавата на оваа специфична состојба:

  • Психогена теорија – кај неурамнотежени личности со брачни проблеми или страв од бременост
  • Хормонална теорија- пореметена рамнотежа на хормоните или снижена осетливост на ткивата на хормоните, што има последица ретенција на вода и соли, а губење на калиум.

Лекување: не постои системска иста терапија кај сите пациентки, па потребно е на секоја пациентка да се одреди специфичен правец на терапирање.

  • Психотерапија, односно седативи
  • Диетално превентивна терапија. Понекогаш е доволна диета без сол една недела пред менструација, со додаток на диуретици (фуросемид).
  • хормонска терапија по исклучок, гестрогени хормони или антигестрогени
  • антихистаминици ( антиалергеници) во ретки случаи.
Сподели на Facebook и Twitter
Категории