Пробиштип инфо

КРМУС (Phytolacca americana)

      КРМУС (Phytolacca americana) 

    Во дворовите во пробиштипско, но и како самоникнат, често можете да го забележите КРМУСОТ.  

Крмусот (Phytolacca americana L.), познат и како “Винобојка”, е повеќегодишна зелјеста билка од истоимената фамилија. Може да нарасне и до 3 метри височина, развивајќи разгрането и исправено стебло. 

 Научното име Phytolacca americana доаѓа од грчкиот збор phyton што значи растение и  lacca  што значи црвеникаво-виолетови плодови. Вториот термин,  Америка се однесува на ова растение кое е потекнува од Америка 

 Листовите се едноставни, крупни, долги 15-30 см, јајцево-елипсовидни, мазни, заострени, сместени на кратки дршки. 

 Цветовите се мали, собрани во гроздови. Изградени од 5 бели венечни долги околу 3 мм. Има 10 прашници. Цвета во мај и јуни. Плодовите се сјајни, темноцрвени, тркалезни бобинки со пречник до 1 см, дозреваат во лето (август- септември). 

 Крмусот потекнува од Северна Америка, а во Европа е донесен во 18 век, најпрво во Франција како украсна билка, а оттаму се раширила и денес расте како самоника билка на необработени земјишта, во дворови, покај патишта, шуми… 

 Крмусот го размножуваат птиците кои се хранат со бобинките. Името Винобојка го добила бидејќи се користела за подобрување на бојата на црните вина. 

 Крмусот е билка ,,убиец“ на вируси. Се користи како лек за грип, а секако се сеќаваме сите дека ни го даваа како сок кога имавме сипаници.  

 Во народната медицина се користи и во лекување на: болести на крвта, кожата, црниот дроб, чиреви, егзема, псоријаза, габични инфекции, хемороиди, херпес, карцином, инфекции, желудник, бели дробови, ревматски проблеми, женски болести, сифилис, чистење на крвта 

 Особено чест е во нашите домашни аптеки како лек за подобрување на циркулација и други коронарни болести.  

 Крмусот е специфично растение кое е лековито, но во исто време и отровно, па затоа треба да бидете претпазливи во неговото користење. Може да се јадат само младите изданоци кога се високи најмногу до 30 см и младите листови кои се берат рано напролет. Богати се со витаминот Ц (150-230 мг%), но се јадат после готвење и тоа пожелно е двапати да се промени водата или да се конзервираат во оцет. Младите листови содржат 6 мг% каротин. Корењата и плодовите се отровни во сиров облик и не смеат да се консумираат во поголема количина. Коренот одамна се користел за лекување на разни болести, а се вади наесен, откако целосно ќе созреат плодовите. Се чисти од земјата, се сечка на ленти и се суши на топло место. 

  Свежиот сок се добива со плодовите со цедење или пресување. А листовите се берат пред цветање и се сушат на топло. Може да се јадат сварени како спанаќ. 

  Најчесто за подготовка на домашни препарати ги користиме плодовите кои треба да се потполно зрели и сочни. Освен свежи, плодовите можат да се користат и сушени и како такви придонесуваат за нормализација на работата на цревата и намалување на вишокот килограми. Добро е да се јадат по неколку бобинки наутро и навечер (1-2 до 3). 

 Најраспростанет начин на користење на крмусот е во вид на тинктура која се подготвува од  јака до 55 степени комова ракија: 

  Во 1 литар ракија се ставаат 60 свежи, зрели зрнца во стаклено шише и се затвора шишето да стои 21 ден на сонце. Секој ден се протресува, а по 3 седмици се процедува и се пие по една мала ракиена чаша од 30 милилитри. 

 Се ближи времето кога плодовите од крмус ќе бидат потполно зрели. Затоа одвојте малку време и ако немате засадено, побарајте го како самоникнат. Подгответе си тинктура, исушете си одредена количина и во тек на зимата користете го редовно. На тој начин не само што ќе си ја подобрите циркулацијата, туку и ќе превенирате различни вирусни инфекции.  

Силвана Пеншова

Сподели на Facebook и Twitter
Категории