Хуманитарен турнир во кошарка (3×3 streetball)

Влезот е бесплатен, а ќе има поставено кутии за донации - без ограничување

Клубот на млади при Црвен Крст Пробиштип на 13.07.2023 организира хуманитарен турнир во кошарка (3×3 streetball).

Настанот ќе започне во 17 часот на игралиштето кај „ООУ Браќа Миладиновци“. за добрата атмосфера во позадина ќе се погрижат диџеи чиј идентитет ќе го оставиме како изненадување, а ќе бидат поставени и штандови со освежувачки пијалоци.

По завршување на натпреварите и доделување на наградите, продолжуваме на afterparty во Berlin Wall Bar.

Влезот е бесплатен, а ќе има поставено кутии за донации – без ограничување.

Ги покануваме сите љубители на спортот, да покажеме уште еднаш дека Пробиштип е град на хумани луѓе кои овој пат ќе помогнат да се соберат средства за медицинска терапија на наш сограѓанин кој би сакал да остане анонимен.

Ве очекуваме!

Клуб на млади при Црвен Крст Пробиштип

 

 

Сподели на Facebook и Twitter