Пробиштип инфо

ВАГИНАЛНА СУВОСТ

Многу важно е постојано да сте добро хидрирани, бидејки водата е лек за навистина многу болести.

 

        Д-р Ванче Какашевски

           Специјалист по гинекологија и акушерство

 

Вагиналната сувост е поприлично чест проблем кај жените, за кој за жал многу ретко се бара помош или информација. Се јавува пред и во менопауза, но и во случаи како после гинеколошка операција, бременост, доење, при употреба на антихистаминици, антидепресиви, кај болни од карцином… 

Причинител на овој проблем најчесто е естрогениот хормон- хормон на јајникот, кој се губи во менопаузата, но може да се јави како последица на стрес и зголеменото количество на кортизол од надбубрежната жлезда ( особено кај жените со зголемена телесна тежина), истоштеност, непраилна исхрана, небалансиран начин на живот или кај некои потешки заболувања. 

Естрогенот дава подршка на хидратацијата, лачењето и дебелината на слузницата на вагината, па како што опаѓа естрогенот, така слузницата станува тенка ( атрофична), помалку еластична, сува…показатели кои укажуваат на вагинална атрофија. Во таков случај се јавува сувост, пецкање, чешање, нелагодност при сексуални односи и чести инфекции.  

Во вакви ситуации советувам прво природни облици на лекување, што подразбира: контрола на стресот, правилна исхрана, постојана физичка активност, редовен и квалитетен сон.  

Многу важно е постојано да сте добро хидрирани, бидејки водата е лек за навистина многу болести. И покрај тоа што се јавуваат билни сексуални односи, препорачливо е да се практицираат почесто, бидејки при однос се зголемува прокрвеноста на вагиналната слузница, зголемувајки го дотокот на крв.  

Користење на ладно цеденото кокосово масло и масло од алое вера локално, пробиотици или јогурт, витамин Е , можат значително да ви ја олеснат состојбата .  

Како терапија може да се користи и Оестреофакт ХЛ вагиналети кои содржат хиалуронска и млечна киселина, кои ја штитат слузницата на вагината и создаваат услови за нејзина обнова, а ја корегираат и pH вредноста ( киселоста) на вагината , оневозможувајки развој на патогени мокроорганизми. 

Консултативен, едукативан разговор со вашиот гинеколог ќе допринесе полесно да ја надминете ваквата состојба, со што ќе ви се подобри квалитетот на живот. 

Сподели на Facebook и Twitter
Категории