Театарска претстава „ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ”
26.11.2024 год.(вторник)
Киносала ,,Рудар”
Влез:250 ден.
Почеток:20:00 час.
Претставата „Земја на штркови” е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата:
Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни?
И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто?
Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот?
Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!
Дејствието на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија.
Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини.
Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски.
Продукција: Театар Провокација – Скопје.
ПОВЕЛЕТЕ !!!
Дом на култура „Злетовски Рудар“ Пробиштип