Уште еден успешен настап на нашите каратисти од WADO KARATE DO UNIJA Пробиштип, овојпат во Суботица на 26. СУПЕР ЕНПИ КУП

Боите на Македонија ги бранеше нашиот карате клуб WADO KARATE DO UNIJA како единствен претставник од Република Македонија

Спортската сала „Дудова Шума“ беше домаќин на 26. Супер Енпи куп што се одржа во недела на 2 март 2025г. во Суботица, Р. Србија.

Во организација на Клубот за спортски боречки вештини „Спартак-Енпи“, овој престижен турнир на едно место собра меѓу 1.000 и 1.500 натпреварувачи од Словачка, Германија, Црна Гора, Романија, Македонија, Република Српска и Република Србија.

Боите на Македонија ги бранеше нашиот карате клуб WADO KARATE DO UNIJA како единствен претставник од Република Македонија и уште еднаш, по не знам кој пат, нашите каратисти покажаа дека можат да бидат рамо до рамо со натпреварувачи кои доаѓаат од престижни клубови од европски земји и достојно го претставија Пробиштип и нашата Македонија закитувајќи се со медали во сите пријавени категории, поединечно кати и екипно кати.

Клубот настапи со 11 натпреварувачи кои постигнаа одлични резултати:

Кати поединечно: 7 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал; Кати екипно: 3 златни медали.

Од оправдани причини тренерите, овој пат, одлучија натпреварувачите да не учествуваат во категоријата борби.

Овој турнир беше прв во оваа календарска година за каратистите на WADO KARATE DO UNIJA Пробиштип.

На сите натпреварувачи им честитаме за постигнатите резултати и ним и на сите членови на клубот им посакуваме уште многу успеси, многу медали и пехари на претстојните турнири.

Валентина Давиткова

 

 

Сподели на Facebook и Twitter