Територијалната противпожарна единица во Пробиштип го зголеми својот возен парк со комплетно ново противпожарно возило.
Средствата во висина од 6 милиони денари се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој при Министерство за локална самоуправа и дополнителни 12 милиони денари од буџетот на Општина Пробиштип за набавка на возилото.
Со оваа набавка ТППЕ Пробиштип е комплетирана во поглед на возниот парк потребен за покривање на територијата на општина Пробиштип, а она што го изготвува општината за наредниот период е проект за изградба на нов објект за потребите на пожарната единица.