Изминативе три дена имавме ЦКА ПХВ хуманитарен турнир во мал фудбал во Пробиштип, во кој учество земаа 16 екипи како од нашиот град, така и од Штип и Кратово.
Победничка екипа беше екипата на Драган Јовчевски, Саве Савевски, Даријан Трајчов и Дино Славевски.
Победниците добија медали и дипломи, второто и третото место исто така доби дипломи.
Ова беше последен настан во склоп на ЦКА ПХВ малите проекти за циклусот 2022 година а сега ни преостанува собраните донации да ги предадеме онаму каде што е најпотребно.
Ангела Георгиевска