ОПАСНОСТ од пожари – предупредува Пожарна Пробиштип

Пожарна Пробиштип до граѓаните на општина Пробиштип со информација за голема опасност од настанување на пожари на отворен простор поради високи температури и ветар . Апел до сите граѓани да покажат високо ниво на противпожарна култура и своите постапки ги прилагодат на информацијата. На сила е забраната за движење во шума и голема одговорност до жетварите и земјоделците на отворен простор. Телефони за појава на пожари се 193 или 112

Сподели на Facebook и Twitter