Од понеделник стартуваат првите напревари од турнирот во мал фудбал во Пробиштип

Екипите на Сити кафе и Бале Инжинеринг го отвораат годинашниот турнир во мал фудбал 28ми Август 2022

На задоволство на љубителите на мал фудбал од понеделник 15.08.2022 година започнува долго очекуваниот турнир во мал фудбал , кој по двегодишна пауза повторно се најде на празничната програма на Општина Пробиштип за одбележување на 28ми Август – ,,Успение на Пресветa Богородица” и Денот на рударите.

Првиот натпревар ќе започне во 18ч., а честа официјално да го отворат турнирот ќе го имаат екипите на Сити кафе и Бале Инжинеринг.Натпреварите ќе се играат на ракометарското игралиште, а се очекува традиционално огромна посетеност од граѓаните на Пробиштип.

Комплетниот распоред на натпревари можете да го видите со кликнување ОВДЕ

Сподели на Facebook и Twitter