Победа на Рудар во првото коло од Третата Македонска фудбалска лига

Одличен старт на фудбалерите на Рудар од Пробиштип во првото коло во рамки на Третата Македонска фудбалска лига - Исток

Денес со почеток во 16ч. на Градскиот стадион во Пробиштип беше одигран фудбалскиот натревар од првото коло во рамки на Третата Македонска фудбалска лига – Исток , помеѓу домашниот Рудар и  екипата на Дојранско езеро.Гостите водеа во првото полувреме со голот на Петар Илиев во 34 минута,додека пресвртот и победата на ФК Рудар беше во второто полувреме кога нашите момчиња дадоа три гола и со тоа го поставија конечниот резултат од 3 : 1. Стрелци на головите беа Марио Атанасовски во 55 и 89 минута и Антонио Стојчов во 74 минута. Честитки до нашите фудбалери од Пробиштип Инфо со желби за успешна фудбалска сезона 22/23 .

Сподели на Facebook и Twitter