Убедлива победа на Рудар во шестото коло против ФК Карбинци со 5 : 2

Марио Атанасовски стрелец на 4 гола на денешниот натпревар

Денес со почеток во 14ч. беше одигран првенствениот натпревар  во рамки на шестото коло од Третата Македонска фудбалска лига – Исток помеѓу домашниот Рудар и ФК Карбици, каде нашите момчиња го декласираа гостинот со убедливи 5 : 2 ( 3 : 0 ). Стрелци за домашната екипа беа Марио Атанасовски со дури 4 погодоци 7′ 41′ 80′ и 93′ минута и Дарко Стојановски во 16′ минута.После 6 то коло ФК Рудар 1947 се наоѓа на 4та позиција со 12 бода.Честитки за победата…

Сподели на Facebook и Twitter