Љубителите на џезот уживаа со концертот на SS Project во Пробиштип

Промоција на првиот музички проект на SS Project - Different пред пробиштипската публика

На 19.10.2022 година во киното Рудар , пред пробиштипската публика се  претставија членовите на македонската џез формација SS Project составена од 7 реномирани џез музичари, меѓу кои и нашите сограѓани Горан Гешовски (бас) и Трајче Велков (труба). На концертот беше претставен првиот авторски албум на носителот на овој проект Сашо Стојановски (тапани), насловен како Different. Главното мото на овој проект е низ призма на џез музиката да се прифатат различностите помеѓу луѓето и нивната подршка. Се на се прекрасна музичка претстава.

 

Сподели на Facebook и Twitter