Игор Манасов – „Одигравме еден од најдобрите натпревари во оваа сезона“

Јавување на тренерот на ОК Весна Пробиштип Игор Манасов за убедливата победа од 3:0 против Универзитет Тетово

Вчера во спортската сала Софија Петровска во Пробиштип се одигра првенствениот натпревар од четвртото коло од Првата одбојкарска лига на Македонија каде домашната екипа Весна Пробиштип ја пречека екипата на Универзитет Тетово. Нашите момчиња беа супериорни во однос на гостите од Тетово и убедливо победија со 3:0 (25:18 , 25:15 и 25:11) во сетови.

Сподели на Facebook и Twitter