Вчера фудбалерите на Победа од Валандово не допатуваа во Пробиштип, каде што требаше да се одигра првенствениот натпревар од десеттото коло од Третата македонска фудбалска лига-исток, така што резултатот службено беше регистриран 3:0 за домакинот. Со оваа победа екипа на Рудар од Пробиштип со 6 победи и 4 порази се наоѓа на 4то место на табелата со 18 бодови. Следната средба екипата на Рудар ја игра во Берово против фудбалската екипа на Малеш.