Лесна и убедлива победа на одбојкарите на Весна Пробиштип против Македонија Џио од Струмица

Со оваа победа во 9то коло, одбојкарите на Весна Пробиштип си обезбедија место во play off натпреварувањето

Денес во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип, беше одигран натпревар  од 9т0 коло од Првата македонска одбојкарска лига помеѓу домашната екипа на Весна Пробиштип и гостинската Македонија Џио од Струмица. Лесно и убедливо нашите одбојкари дојдоа до 6та победа во годинашното првенство и тоа со 3:0 (25:15, 25:09, 25:16) во сетови и официјално се пласираа во play off от. Честитки за нашите одбојкари и поголем успех во следните натпревари.

Сподели на Facebook и Twitter