Вчера во Спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип се одигра последното 11то коло од Првата Македонска одбојкарска лига во оваа полусезона, помеѓу домашната екипа на Весна Пробиштип и ГОК Борец од Велес. Гостите извојуваа убедлива победа со 0:3 во сетови , а нашите го завршија овој дел од натпреварувањето со 6 победи и 4 порази.
Денес во Струмица се одржа третиот турнир за машки во категорија на младинци и во женска конкуренција (пионерки) на кој учествуваа и наши преставници.
Голем успех на девојчињата од нашата екипа, со денешниот освоен бод против Вардар со што го освоија второто место во групата веднаш зад екипата на Виктори Волеј, а пред Вардар кој важеше за фаворит, со што обезбедија и влез во најдобрите 16 екипи во Македонија и во наредната фаза ќе играат во систем на бараж натпревари.
Резултати:
Виктори Волеј – Весна Пробиштип=2:0
Вардар – Весна Пробиштип=2:1
Во машка конкуренција ги бележиме следните резултати:
Струмица Никоб-Весна Пробиштип=2:0