Вчера во Blue Note Cafe беше одржана хуманитарна денска забава од страна на Клуб на млади ООЦК Пробиштип. За прекрасната атмосфера се погрижија dj Ceco и dj Tasev. Целта на настанот беше да се соберат парични средства кои и се потребни на малата Меланија, најмалечка од трите деца на самохрана мајка од Злетово, за операција на очите . Исто така во духот на празниците граѓаните донираа новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на деца од социјално загрозени семејства. Празниците се вистинско време за да се покаже хуманоста, а тоа уште еднаш го докажаа граѓаните на нашиот град.
Клуб на млади ООЦК Пробиштип