ПРОБИШТИП КОНЕЧНО ДОБИВА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ

По иницијатива на група граѓани, љубители на животни, во подготовка е регистрација на Здружение на граѓани за заштита и благосостојба на животните.

Поради се поалармантната состојба со напуштени и несоодветно чувани животни, група граѓани љубители на животните, но во исто време крајно загрижени за сигурноста на граѓаните, донесе одлука да формира Здружение за заштита и благосостојба на животните, кое ќе има за цел трајно решавање на овој повеќегодишен проблем.

Ги повикуваме сите граѓни истомисленици, да се придружат како дел од органите на ова здружение, а и како негови членови или активисти и да дадат свој придонес во работата и активностите.

Веруваме дека со добра организација и посветеност, за одреден период ситуацијата ќе биде ставена под контрола, по улиците на градот нема да има глутници напуштени животни, така што тие ќе бидат соодветно третирани и безбедни како за граѓаните, уште поважно за децата.

Секој што би сакал да членува на било кој начин во Здружението нека го контактира админ тимот на ,,Пробиштип инфо“ преку фејсбук групата или страната со истото име, за понатамошна комуникација.

Здружението ќе работи максимално транспарентно и граѓаните ќе бидат благовремено известувани за сите активности, проекти и состојби.

Во прилог се дел од целите и задачите на кои ќе се посвети Здружението.

Сподели на Facebook и Twitter