Во рамки на 13то коло од Третата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Рудар извојуваа победа над гостите од Градско Балдовци со 2:1 , во натпревар кој беше прв пред домашната публика во вториот дел од сезоната. Двоен стрелец за екипата на Рудар беше Дарко Анастасовски во 50 и 77 минута. Наредното 14 коло екипата на Рудар ќе гостува на Академија Чешиново -Облешево.