На Европското првенство на кое што се натпреваруваа ловечки кучиња за работа со зајаци, кое што се одржа во Серес – Грција на 10 – 11 март 2023 година, Посавскиот гонич на нашиот сограѓанин Виктор Ѓорѓиев го освои првото место со освоени 134 од вкупно 140 бодови, со што ја понесе титулата Европски првак. На првенството учествуваа повеќе европски држави меѓу кои Италија, Франција, Швајцарија и др.
Инаку Виктор е член на Македонскиот клуб за ловна кинологија и член на Комитетот за ловна кинологија при Ловечката Федерација на Македонија.