На 12 април (среда) на градскиот плоштад во Пробиштип ќе се одржи манифестацијата „Велигденски хепенинг 2023“.
На манифестацијата ќе бидат изложени голем број на шарени велигденски јајца, од кои ќе се изберат најшарените, најинвентивно украсените велигденски јајца, кои ќе бидат наградени.
Изложените велигденски јајца ќе се продаваат, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип.
Целиот настан ќе биде со културно уметничка програма, која ќе ја изведат дечињата од ООУ „Браќа Миладиновци“. Годинава ќе им се придружат и дел од нивните другарчиња од Балетското студио „Магија“ кои работат при Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.
Манифестацијата ќе започне точно на пладне, во 12 часот.
Истиот ден и во Злетово ќе се одржи хепенинг со почеток во 10 часот на повеќенаменското игралиште.
Општина Пробиштип