Во киното Рудар се одржа ВЕЛИГДЕНСКИОТ ХЕПЕНИНГ 2023

Свој штанд имаа и членовите на тимот Шепасти ентузијасти

Со Велигденскиот хепенинг општина Пробиштип направи убав вовед во најголемиот христијански празник – Велигден. Со изложба на стотици шарени велигденски јајца, прво во Злетово на повеќенаменското игралиште со почеток во 10 часот и во Пробиштип во кино салата „Злетовски рудар“ со почеток во 12 часот и со богата културно уметничка програма после три годишна пауза повторно ја вративме оваа убава манифестација. За убавата програма беше задолжено ООУ „Браќа Миладиновци“, а ООУ „Никола Карев“ и Детската градинка „Гоце Делчев“ учествуваа со шарени велигденски јајца. Манифестацијата побуди голем интерес кај нашите сограѓани, а од продадените шарени велигденски јајца, средствата ќе се употребат за потребите на ООУ „Браќа Миладиновци“. И годинава не изостанаа награди за најшарените, нај украсените велигденски јајца, а се бираше и најдобар аранжман и се додели награда за најоригинална идеја.

Општина Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter