Заврши второто WKC Балканско првенство во карате

Одличен успех на нашите каратисти на ова првенство

Во саботата (10.06.2023), Пробиштип беше домаќин на второто WKC Балканско првенство за кадети, јуниори и сениори и WKC Балкански куп за деца, кое што се одржа во спортската сала „Софија Петровска“. На ова првенство учество зедоа карате клубови и федерации од Романија, Србија, Република Српска и Македонија.

Нашите каратисти од Вадо карате ДО Унија Пробиштип имаа одличен настап на ова првенство и се закитија со многу медали:

Кати поединечно   

11 златни 

10 сребрени 

7 бронзени 

Кати екипно 

3 златни 

4 сребрени 

5 бронзени 

Борби поединечно 

2 златни 

4 сребрени 

5 бронзени 

Борби екипно  

2 златни 

2 бронзени 

Честитки и за организаторите и учесниците и од Пробиштип инфо, кој што беше присутен во текот на целото првенство, и во видеото што го подготвивме може да видите како  ние го видовме ова Балканско првенство.

 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter