Одбележан јубилејот 10 години ОК ВЕСНА Пробиштип

Со ревијален натпревар со ОК УГД Штип и сечење на роденденската торта, ОК Весна Пробиштип го прослави 10от роденден

Вчера (14.06.2023) во спортската сала „Софија Петровска“ беше одбележан јубилејот 10 години ОК Весна Пробиштип. Свеченоста започна со одигрување на ревијален натпревар со ОК УГД Штип, а за изминатите 10 години и за тоа како растеше клубот и неговите успеси,  говореше  еден од основачите на клубот, Игор Мансов. Потоа следуваше сечење на роденденската торта за да вечерта заврши со коктел за присутните и  со огномет.

 

Сподели на Facebook и Twitter