На годинашниот турнир во мал фудбал „Васил Миленов“ кој традиционално се одржува во Злетово, а по повод национлниот празник Илинден , во финалето се сретнаа екипите на Железарија Бе Ен од Крива Паланка и Сити кафе од Пробиштип. Победникот беше одлучен со изведување на пенали, а поуспешна беше екипата на Сити кафе од Пробиштип. Честитки и за двете екипи, како и за организаторот на турнирот , а во видеото подолу може да ги проследите сите интересни ситуации од финалето како и изведувањето на пеналите кои го одлучија победникот.
Второ место Железарија Бе Ен – Крива Паланка