Официјално отворен новиот капацитет при ЈОУГД „Гоце Делчев“ – објект Срничка

Овој објект е изграден согласно сите стандарди и во скандинавски стил, што овозможува беспрекорни услови за дечињата и вработените.

Денес,  претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов ,официјално го отворија новиот капацитет при ЈОУГД Гоце Делчев, објект Срничка.

Овој проект општината го реализираше преку Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

Со оваа доградба се зголемува капацитетот на грдинката за 74 места, а значајно е тоа што сега веќе се отвараат уште две јаслени групи.

Овој објект е изграден согласно сите стандарди и во скандинавски стил, што овозможува беспрекорни услови за дечињата и вработените.

 

Сподели на Facebook и Twitter