Денес во рамки на годинашниот турнир во мал фудбал кој традиционално се организира по повод 28ми Август, Денот на рударите и Денот на општина Пробиштип, се одиграа полуфиналните натпревари помеѓу:
Булмак – Амбиент 5:2
Панови – Сити кафе 0:0 (5:4) на пенали.
Така да годинашни финалисти се екипите на Булмак и Панови.
Финалето ќе се одигра на 28.08.2023 година со почеток во 18:00 часот на ракометното игралиште.
Да кажеме дека пред финалната средба ќе се одигра натпревар на фудбалери од младинската школа на „ФК Рудар“ Пробиштип.