На годинашниот турнир во тенис кој беше дел од програмата за одбележување на 28ми Август, Денот на рударите и Денот на општина Пробиштип, победи Ѓорѓи Стојковски-Џоле, кој во финалната пресметка беше подобар од младиот и одличен тенисер Андреј Игнатов.
Во двојки првото место го освоија Дарко Андоновски и Андреј Игнатов кои беа подобри од Дејан Марковски и Ѓорѓи Стојковски.
Во видео материјалот можете да ја проследите церемонијата од доделувањето на наградите, кои ги додели Д-р Љупчо Милановски организатор на тенискиот турнир.