Каратистите од Вадо карате до унија Пробиштип се вратија со два бронзени медали од 30 от Светски шотокан шампионат и 15 от Светски шотокан куп во карате кој се одржа во грчкиот град Халкида, а на кој зедоа учество 32 земји од целиот свет со над 2000 учесници.
Божица Јаневска од Вадо карате до унија Пробиштип освои два бронзени медала и ја израдува пробиштипската јавност со овој огромен успех.
Честитки и од Пробиштип инфо, а во видеото можете да го проследите разговорот со Стојан Стојковиќ и Божица Јаневска.