По повод Меѓународниот ден на учителот, општина Пробиштип во кино салата “Злетовски рудар” организираше манифестација на која им се доделија признанија и награди на најдобрите просветни работници:
Марија Богатиновска – најдобар наставник за учебната 2022/2023 година од ООУ “Никола Карев”
Гордана Давитковска – најдобар наставник за учебната 2022/2023 година од ООУ “Браќа Миладиновци”
Даниела Малинова – најдобра воспитувачка од градинката “Гоце Делчев”
Надица Милосова – најдобра професорка за учебната 2022/2023 година од СОУ “Наум Наумовски-Борче”.
Почитувани просветни работници, ви благодариме за вашиот несебичен придонес и работа во образованието, за вашиот допринос во воспитувањето и образувањето на децата и младите во нашата општина.
Нека е честит денот на учителот.
Општина Пробиштип
Пробиштип инфо вршеше пренос во живо кој останува трајно на нашата ФБ група, а видеото можете да го погледнете со клик ТУКА