Бранка Спасовска со изложбата ,, Скиците на Пикасо“ во ЦК ,,Бели Мугри“

Изложбата е дел од годишната програма на НУКЦ „Бели Мугри“ Кочани, финансирано од Министерството за култура на Република Македонија

Денес во ЦК ,,Бели Мугри” во Кочани беше отворена изложба насловена како „Скиците на Пикасо“, извонредна колекција од над 30 репродукции на скиците на Пабло Пикасо, пресоздадени преку волшебниот медиум на текстилната уметност, дела на нашата Бранка Спасовска.

„Скиците на Пикасо“ не е само збирка на уметнички потфати, тоа е доказ за мојата непоколеблива посветеност на светот на текстилната уметност, мојот неуморен стремеж кон иновации и длабоката посветеност на негувањето на културните врски и одржливоста, се зборовите на уметничката Спасовска.

Изложбата е дел од годишната програма на НУКЦ „Бели Мугри“ Кочани, финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.

Сподели на Facebook и Twitter