КИНО ЉУБОВ – филм за ЉУБОВ, создаден со многу ЉУБОВ!
Премиера во Пробиштип на 19.10.2023 (четврток) во киносала ,,Рудар” Пробиштип од 20:00 часот!
Кино „Љубов” — македонски филм во режија на Јани Бојаџи од 2021 година. Главните улоги ги играат глумците: Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ и Благоја Чоревски.
Филмот ја следи Мира, адвокатка во неволја, која поставува бомба под автомобилот на нејзиниот брат Стево на денот кога Македонија прогласува пандемија на КОВИД-19, за да го спаси семејството од распаѓање.
Заплетот постепено открива игра полна со недоразбирања, љубов и страст. Стево го преживува атентатот и една година подоцна го инаугурира киното наречено „Љубов”, идеја и животен сон на сопругот на Мира.
Кино „Рудар“ Пробиштип