ОК Весна Пробиштип со засилен состав против минатогодишниот шампион на Македонија

Со повеќе искусни играчи ОК Весна Пробиштип ќе му се спротистави на минатогодишниот шампион Струмица Никоб

Утре во Спортската сала „Софија Петровска“ во рамки на Првата одбојкарска лига на Македонија,  ќе се одигра првиот натпревар на одбојкарите на Весна Пробиштип пред домашна публика од новата сезона со минатогодишниот шампион на Македонија во одбојка, екипата на Струмица Никоб.

Нашите одбојкари во доста засилен состав ќе се обидат да се спротистават на шампионот од Струмица и да ги израдуваат домашните љубители на одбојката.

Ок Весна Пробиштип на самиот старт на сезоната се засили со Хрватскиот интернационалец  Дејан Скочиќ , кој што игра на позиција среден блокер , а во составот на екипата ќе настапат и Милков, Андонов, Николовски, Шапе, Киров и Русевски.

Натпреварот започнува во 19 часот .

Инаку во првото коло нашите одбојкари извојуваа победа на гостувањето во Скопје против Работнички со 3:2.

Се надеваме дека одбојкарската еуфорија ќе започне и дека ќе гледаме одлична одбојка.

 

Сподели на Facebook и Twitter