Најпрвин сакам да искажам огромна благодарност до претседателот Димитар Ковачевски, за укажаната доверба да бидам назначена за претседателка на општинската организација на СДСМ Пробиштип.
Оваа функција која ми е доделена ја сфаќам многу сериозно и не сметам дека е привилегија, туку обврска према СДСМ како партија и пред сите членови и активисти. Водејќи се од мојата јасна и цврста определба, како и чесност, одговорност, професионалност и искуство, решив да ја прифатам оваа одговорност.
Како досегашна претседателка на Форум на жени, сакам да се заблагодарам на претседателката Тренчевска за довербата, како и на сите членки на Форумот на жени во Пробиштип за досегашната соработка.
Голема благодарност ќе искажам до Драган Анастасов, досегашен претседател на ОО на СДСМ Пробиштип и градоначалник на општина Пробиштип.
Како претседателка на ОО на СДСМ Пробиштип ќе бидам вредна, одговорна, транспарентна, ќе ги штитам интересите на партијата и ќе го штитам угледот. Ќе ги почитувам сите членови, активисти, назначени и избрани функционери, меѓутоа ќе барам почитта да биде взаемна, бидејќи секое непочитување на мене како Претседателка е непочитување на СДСМ, а тоа нема да го дозволам.
Сандра Мијалковска ОО СДСМ Пробиштип
Изјавата на Сандра можете да ја видите ТУКА