Прво место за средношколците над 18 години при СОУ„Наум Наумовски-Борче“- Пробиштип

Работилницата имаше за цел да ги запознае младите со начинот, структурата и факторите кои се значајни за една политичка партија да стане влијателна и освои повеќе мандати во парламентот

Средношколците над 18 години при СОУ„Наум Наумовски-Борче“- Пробиштип беа дел од едукативната работилница организирана од НВО „ЛЕАД“ и фонадацијата „Конрад Аденауер“ која се однесуваше на зголемувањето на заинтересираноста на младите во Македонија за нивно учество во изборните циклуси.

Со оглед на процентуално слабиот одѕив на младите во гласањето на избори овие едукативни политички работилници и тоа како се важни за зголемување на демократскиот капацитет на државата.

Работилницата имаше за цел да ги запознае младите со начинот, структурата и факторите кои се значајни за една политичка партија да стане влијателна и освои повеќе мандати во парламентот.

Како дел од едукацијата во секој момент е достапна и он-лајн друштвената игра Изборологија.мк.

НВО „ЛЕАД“ како дел од работилницата организираше и државен натпревар на ниво на средни училишта во Македонија во оваа друштвена игра каде СОУ„Наум Наумовски-Борче“ – Пробиштип го освои првото место.

Честитки !!!

Професор по филозофија – Александар Богатинов

Сподели на Facebook и Twitter