Изминатиов викенд во Аранѓеловац, Србија, на 20 април 2024 година успешно се одржа третото WKC Балканско првенство со учество на 500 натпреварувачи од 4 земји: Македонија, Србија, Романија и Српска.
Клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА, со настап на 28 каратисти и на ова првенство ја претставија достоинствено Македонија и нашиот Пробиштип со освоени следни места во различни категории:
Кати: -поединечно: 7 злато, 7 сребро и 7 бронза.
-екипно: 1 злато, 3 сребро и 4 бронза
Борби:
-поединечно: 2 злато, 2 сребро и 4 бронза
-екипно: 1 злато, 1 сребро и 1 бронза
Исто така и 1 злато во кати на нашата сениорка Бојана Пешовиќ.
Честитки за успехот на сите наши учесници на 3-тото Балканско првенство.
Даниела Ѓоргиевски
Видеото со фотогалеријата од Аранѓеловац можете да го погледате ТУКА