СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип – Добредојдовте 9то одделенци

76 години постоење и воспитно -образовна дејност, 60 генерации на ученици кои се реализирале како академски грагани или конкурирале на пазарот на трудот

СОУ “Наум Наумовски Борче” се наоѓа во централното градско подрачје на ул. Гоце Делчев бр.10 и е единствено средно училиште во општина Пробиштип.

Во училиштето се образуваат ученици од гимназиската, геолошко-рударската и машинската струка и спортска гимназија.

Наставата се одвива во две училишни згради, отворени спортски терени и нова спор-тска сала.

Основна дејност на училиштето е реализирање на воспитно-образовен процес и оспособување на млади и креативни личности коишто ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот или пак ќе го продолжат своето образование на некоја од високо образовните институции.

Toj процес се состои во организирање и реализирање на квалитетна настава со што на секој ученик му се дава можност да постигне подобар успех и да ги реализира своите потенцијални интелектуални и физички способности, да креира свои ставови, мислења, вредности и ги реализира своите идеи, а со тоа и израсне во личност со изградени општествени и морални вредности.

76 години постоење и воспитно -образовна дејност, 60 генерации на ученици кои се реализирале како академски грагани или конкурирале на пазарот на трудот.

Нудиме квалитетно образование, освен гимназиско и стручно машинска и геолошка струка во соработка со компаниите од нашата општина каде со директна вклученост во производниот процес, се стекнуваат со вештини со кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот.

СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип

 

Видеото со пораки и искуства на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип можете да го видите ТУКА

 

 

Сподели на Facebook и Twitter