Иван Маџов во Пробиштип и Давид Лазаров во Злетово беа најсреќните кои го фатија крстот

Традиционален настан во Злетово и Пробиштип по повод големиот православен празник Богојавление или Водици
Во раните утрински часови, според вековната традиција на месноста Пешка во Злетово беше потопен чесниот крст во водите на Злетовска река.
Исто така, во Пробиштип на пладне беше осветена водата во аква паркот со положување на чесниот крст во водата.
Во потрага по светиот крст во осветените води се капеа 10 младоженци во Злетово и десетина други капачи, додека во Пробиштип за светиот крст се капеа петнаесттина.
Одбележувањето на празникот Богојавление – Водици започна во утринските часови со литургија во двата верски храма во Пробиштип и Злетово, по која со свечена литија од црквите до местото на настанот каде беа осветени водите со полагање на светиот крст. Среќните пронаоѓачи на светиот крст во Злетово е Давид Лазаров и Иван Маџов во Пробиштип.
За многу години Богојавление!
Бог се јави!
Навистина се јави!
Општина Пробиштип

По повод големиот православен празник Богојавление, на Градскиот плоштад Св.Гаврил Лесновски беше одржана традиционалната 11та по ред ПИВТИЈАДА.

Сподели на Facebook и Twitter