Одбележан христијанскиот празник посветен на Свети Гаврил Лесновски

Во Лесновскиот манастир и на градскиот плоштад во Пробиштип, свечено одбележан Свети Гаврил Лесновски

Утрово беше одржана свечена литургија по повод празникот Свети Гаврил Лесновски, кој е воедно и заштитник на нашиот град. Во присуство на брегалничкиот владика Иларион и кумановско-осоговскиот владика Григориј на литургијата чиноначелствуваше врањанскиот владика Пахомиј.

По повод празникот Свети Гаврил Лесновски, заштитник на нашата општина, делегации од Советот на општината, општина Пробиштип, политичките партии, црквата, авторот на делото, како и здружението на пензионери, положија свежо цвеќе пред споменикот на Свети Гаврил Лесновски на градскиот плоштад.

Нека е за многу години празникот, да го чествуваме со меѓусебна почит и разбирање.

Општина Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter