“Биди Магија” – целовечерен концерт

Граѓаните на Пробиштип на овој концерт ќе имаат можност да ги проследат настапите на сите балерини, од 4 до 15 годишна возраст.

По повод роденденот на Балетското студио Магија а воедно и интернационалниот ден на танцот 29 април, оваа сабота со почеток во 19 часот во кино салата Рудар ке се одржи целовечерен концерт “Биди Магија”.

Граѓаните на Пробиштип на овој концерт ќе имаат можност да ги проследат настапите на сите балерини, од 4 до 15 годишна возраст. Тие ќе се претстават со неколку нови кореографии, меѓутоа ќе ги одиграат и кореографиите кои им беа наградени на претходните натпревари.Вкупно ќе се одиграат 21 кореографија, во различни стилови и со различни теми, преку џез, модерен, современ и класичен балет до акро и шоу денс.

Билетите чинат 100 ден, а може да се купат во просториите на Дом на култура „Злетовски Рудар“, во сметководство од 10 до 14 часот или кај кореографот Ели Донев, во кабинет бр. 2 по 15 часот.

 

Сподели на Facebook и Twitter