„Да го поздравиш и да ми го бациш“ во Пробиштип

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер од Здружението „АРТОПИЈА“

,,АРТОПИЈА“ во Пробиштип ќе се претстави со претставата ,,Да го поздравиш и да ми го бациш“, претстава која е репризирана повеќе од 90 пати во МКЦ

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Режија – Билјана Радиновска

Играат – Бојан Кирковски

Симона Спировска Костовска

Наташа Петровиќ

Ненад Митевски

Датум: 24.11.2022

Време: 19:00 часот

Место: киносала ,,Рудар“

Влез: 200 денари

Сподели на Facebook и Twitter