Политичкиот трилер кој заобиколи 32 филмски фестивали на 5 континенти и освои 10 меѓународни награди ја почнува својата турнеја низ Македонија.
Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени.
Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.
Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.