ФОТО КОНКУРС

Фото конкурс на слободна тема во соработка со Дом на култура "Злетовски Рудар"- Пробиштип

Се наближуваме кон крајот на ЦКА-ПХВ циклусот од мали проекти, како последна активност во која може секој да земе учество е фото конкурс на слободна тема во соработка со Дом на култура “Злетовски Рудар”. Секој има право да учествува со неограничен број на фотографии при што се плаќа 100 денари котизација за секоја фотографија во просториите на Црвен Крст Пробиштип најдоцна до 17.6.2022. Фотографиите е потребно да ги испратите на probistipcrvenkrst@gmail.com со вашето име, презиме и наслов за секоја фотографија. Важно е фотографиите да имаат добра резолуција. Изложбата на фотографиите ќе се одржи во Дом на култура “Злетовски Рудар” Пробиштип на 21.6.2022 вторник. Учесниците со најдобри фотографии кои ќе бидат одбрани од стручна комисија, ќе добијат награди! Среќно!

Клуб на млади ООЦК Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter