Изложба на карикатури насловена „Жената –глава на семејството”

„Жената –глава на семејството" е дел од минатогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „ИН Виница Веритас " кој што традиционално се одржува во Дом на култура „Тошо Арсов"-Виница
Почитувани сограѓани,
Ве покануваме на изложбата на карикатури насловена „Жената –глава на семејството” која е дел од минатогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „ИН Виница Веритас ” кој што традиционално се одржува во Дом на култура „Тошо Арсов”-Виница . Во 2022 година е одржано 14то издание на фестивалот, во организација на Домот на културата од Виница со финансиска поддршка од страна на Министерството за култура.
Фестивалот е светски познат токму поради конкурсот за карикатура, а минатата година учество зедоа 283 автори од 44 држави од целиот свет со вкупно добиени 670 карикатури.
Наградени беа 3 карикатури:
Првата награда му припадна на Енгин Селџук од Турција, второто место и припаѓа на Олена Цуранова од Украина, третата награда му припадна на Дарко Дрљевич од Црна Гора.
Изложбата ќе се одржи во вторник на 11.04.2023 година со почеток во 12:00 часот во салонот при Дом на културата.
Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter